Земјотрес во Македонија, епицентарот бил во близина на Охрид
Земјотрес со локална магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска попладне во 18:08 часот во Охридско-ресенскиот регион. Според податоците од сеизмолошките апликации, епицентарот на потресот бил лоциран во близина на селото Куратица, североисточно од Охрид и Лескоец. Земјотресот бил регистриран на длабочина од околу 15 километри.
14.8.2026. 12:04:25